Tuesday, September 21, 2010



Јадранското Море (или само Јадран) е дел од Средоземно Море, кое ги раздвојува Апенинскиот Полуостров од Балканскиот Полуостров и планинскиот венец Апенини од Динарските Алпи.
Западниот брег е италијански, додека источниот брег поминува низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.



Црно Море е затворено море во југоисточниот дел на Европа. Тоа е врзано со Средоземно Море преку Босфор и Дарданелите. Покрива површина од 422 000 км
². На Црно Море излегуваат Бугарија, Романија, Украина, Русија, Грузија и Турција.


Егејско Море или Бело Море е дел од Средоземното Море, а лежи меѓу Грција и Турција. Преку Босфор, Мраморното Море и Дарданелите е поврзано со Црното Море. Се претпоставува дека е колевска на две големи антички култури - Микенската и Грчката. Подоцна со морето бладеат и Персиците, Римјаните, Византиците, Џеновјаните, Млечаните, како и Османлиите. Денес, Егејското Море го делат Грција (поголем дел) и Турција (помалиот ден).

2 comments: